Цените на недвижностите „дивеат“: Воведуваат нов данок

Канадската провинција Британска Колумбија сака да воведе данок до 20 отсто на приходите од продажба на станбени недвижности во рок од две години од купувањето, покажа буџетот за 2024 година.

Продавачите би платиле данок од 20 отсто доколку го продадат имотот во рок од 365 дена од купувањето. Во втората година даночната стапка би паднала на нула.

Предложениот закон предвидува исклучоци во случај на развод, смрт, инвалидитет и преселба.

Британска Колумбија сака да ги потисне шпекулациите со данок што може да резултира со ненадејно зголемување на цената на станбените недвижности на краток рок.

Предлогот мора да биде одобрен од Парламентот на Британска Колумбија. Канада веќе ја регулираше препродажбата на недвижен имот на федерално ниво, во услови на скапа станбена криза вкоренета во силната побарувачка и скудната понуда под притисок на високите трошоци за изградба.

Можеби ќе ве интересира...

Грција избегна рецесија

BiznisPRO

Поскапуваат горивата – Ова се новите цени

BiznisPRO

Бислимоски: Домаќинствата со просечна заштеда од 16,32%, блок тарифите даваат ефекти

BiznisPRO