Израел и Турција разговараат за изградба на гасовод до израелското наоѓалиште „Левијатан“, како алтернатива за испорака на руски гас во јужна Европа.
Оваа информација ја објави Ројтерс, повикувајќи се на претставниците на овие земји.
Руската енергетска компанија Газпром денеска соопшти дека нејзините испораки на гас за Европа, преку Украина, остануваат високи и стабилни.
Компанијата додава дека барањата на клиентите на „Гаспром“ во Европа за гас за транзит низ Украина до денес изнесуваат 109,5 милиони кубни метри, што е непроменето во однос на вчера.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...