УБАВА ВЕСТ ЗА “СКЕНИРАЧИТЕ” НА ФИСКАЛНИ: Почна исплатата на парите од “МОЈ ДДВ”

Исплатата на повратот преку апликацијата „Мој ДДВ“ официјално започна, а граѓаните веќе пријавуваат дека средствата им се појавуваат на трансакциските сметки, пишува Centar.mk.

Ова е редовниот поврат за последниот пресметковен период (јули,авгус,септември), кој Министерството за финансии и Управата за јавни приходи го префрлаат на сите граѓани кои редовно ги скенираат фискалните сметки.

Според Законот исплатата треба да биде финиширана до 30ти ноември.

Доколку сè уште не ви легнале парите, препорачливо е да ги проверите и податоците во апликацијата за вашата трансакциска сметка.

Корисниците кои редовно скенираат фискални сметки преку апликацијата веќе известуваат дека добиле нотификации од банките. Повратот варира во зависност од сумата на скенирани сметки и максимално може да се оствари поврат од 2100 денари за тромесечие по лице.

Граѓаните повторно ги поздравуваат овие исплати, потсетувајќи дека „Мој ДДВ“ останува една од ретките мерки која директно враќа пари кај населението, наведува Centar.mk.

Можеби ќе ве интересира...

Новото поглавје започнува: Tessa Group

BiznisPRO

Значителен раст на синдикалната кошничка – За да се прехрани едно семејство потребни се 65.544 денари, а доколку се користи и стан под кирија сумата е фрапантна

BiznisPRO

Треба ли да се посети менувачница утре? – Курсна листа за 6-ти мај 2024

BiznisPRO