Управата за јавни приходи доби ISO 9001:2015 сертификат за квалитет во работењето

Сертификациската компанија INTERCERT официјално го врачи сертификатот за ISO 9001:2015 на Управата за јавни приходи (УЈП). Со ова признание се потврдува усогласеноста на институцијата со највисоките меѓународни стандарди за управување со квалитет и се зајакнува позицијата на УЈП како современа и ефикасна институција во служба на граѓаните и деловната заедница.

Сертификатот го прими директорката на УЈП, м-р Елена Петрова, која истакна дека процесот на стандардизација не е само техничка обврска, туку системски пристап што ја засили организациската култура, ја подобри координацијата и ја потврди решителноста на институцијата да работи според највисоки стандарди. Директорката нагласи дека сертификатот е признание за ангажманот на сите вработени, но и потсетник дека обврските продолжуваат со континуирано подобрување, редовни ревизии и одржување на поставениот квалитет.

Сертификацијата обезбедува доверба кај граѓаните, деловната заедница и партнерите дека процесите на УЈП се транспарентни, ефикасни и усогласени со најдобрите меѓународни практики. Со добивањето на ISO 9001:2015 сертификатот, Управата за јавни приходи ќе обезбеди поефикасна организација и управување со процесите, подобрена услуга и поголема транспарентност, зголемена доверба и кредибилитет, како и модернизација на даночните постапки.

Можеби ќе ве интересира...

Самит на Македонија 2025 на 15 и 16 мај – Фокус на иницирање промени и иновации во југоисточна Европа

BiznisPRO

Во септември 2025 година 132 999 туристи оствариле 262 686 ноќевања.

BiznisPRO

Индекси на прометот во индустријата, октомври 2024 година

BiznisPRO