• декември 4, 2022
  • 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ

Вицегувернерката Митреска за „Блумберг Адриа“: Меѓународните финансиски организации ја оценија монетарната политика како навремена и соодветна

Вицегувернерката Митреска за „Блумберг Адриа“: Меѓународните финансиски организации ја оценија монетарната политика како навремена и соодветна

„Народната банка е во групата ретки земји коишто започнаа со нормализација на монетарната политика, уште од крајот на минатата година преку постепено повлекување ликвидност. Меѓународните финансиски институции потврдуваат дека реакцијата на нашата централна банка на инфлацијата е навремена и соодветна, впрочем да не беше така, немаше да се квалификуваме ниту за Кредитната линија за претпазливост и ликвидност на ММФ“, посочува вицегувернерката Ана Митеска во интервју за „Блумбeрг Адриа“. Таа посочува дека како резултат на затегнувањето на монетарната политика, веќе се забележува умерен нагорен тренд кај каматните стапки на новоодобрените кредити и новопримените депозити, додека за кредитирањето не се очекува намалување, но се очекува забавување на растот.

„Каматната стапка започнавме да ја зголемуваме уште пред да започне тоа да го прави Европската централна банка и посилно отколку кај нив. Презедовме низа други мерки во делот на задолжителната резерва за поттикнување на денаризацијата, меѓутоа и во делот на зајакнување на капиталните барања за банките“, вели Митреска и посочува дека монетарната реакција на шоковите е оценета како соодветна од страна на меѓународните финансиски институции, како и дека ако не било така, земјата не ќе можеше да се квалификува за аранжманот ПЛЛ на Меѓународниот монетарен фонд.

Ефектите од монетарната политики веќе се видливи преку умерено зголемување на каматите на новоодобрените кредити и новопримените депозити, особено на денарските, согласно со мерките преземени од страна на централната банка за поддршка на штедењето во денари.

„Монетарните сигнали се пренесуваат со одредено временско задоцнување, што значи дека веројатно ќе следи одредено приспособување на каматните политики и во следниот период. Во однос на кредитирањето, не очекуваме намалување, меѓутоа очекуваме забавување на растот, со оглед на тоа дека функционираме во еден неизвесен контекст, што ќе придонесе за умерено намалување на склоноста за задолжување, во услови на затегање на финансиските услови“, посочува Митреска и додава дека „од друга страна, банкарскиот систем е во добра кондиција и може да поддржи кредитен раст, па затоа со последните макроекономски проекции на Народната банка се очекува не намалување, но забавување на кредитниот раст, односно оваа година некаде до 9,2%, а следната година околу 7% на годишна основа.“

Поврзани соддржини

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа…

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани…
Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи…

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи…
Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали

Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан…

Ќе одат надолу цените на квадратен метар станбена површина во главниот град…
Оддржана констутивна седница на НАТТА

Оддржана констутивна седница на НАТТА

По одлуката на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за…
Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда од МТЕЛ

Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда…

Уживајте опуштено во долги телефонски разговори или во повеќе интернет со новата…
Преку одржливо и органско производство на грозје и вино до зајакната позиција на македонската винска индустрија

Преку одржливо и органско производство на грозје и вино…

Зајакнување на позициите на пазарите, градење препознатлив бренд со географска индикација и…
Се стега обрачот околу скапите брзи кредити: Со нов закон нема да смеат да се наплаќаат астрономски камати и провизии

Се стега обрачот околу скапите брзи кредити: Со нов…

Во тек е процесот за носење на законските измени со кои максималната…
Регионалниот фонд за предизвици додели 2,72 милиони за шест македонски проекти за унапредување на стручното образование

Регионалниот фонд за предизвици додели 2,72 милиони за шест…

Шест најуспешни проекти од Северна Македонија се предложени за финансирање во вториот…
АНАЛИЗА: Се очекува пад на цените на становите низ Скопје и внатрешноста на Македонија

АНАЛИЗА: Се очекува пад на цените на становите низ…

Цената на квадратен метар станбена површина ќе се намалува. Напумпаните цени на…
Граѓаните бараат посилна регулација на брзите кеш кредити

Граѓаните бараат посилна регулација на брзите кеш кредити

Две третини од испитаниците или 65,3 отсто изјавиле дека државата треба дополнително…
Значително поевтинија горивата – ова се новите цени

Значително поевтинија горивата – ова се новите цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе…
„Алкалоид“ – најпосакувана македонска компанија за вработување во 2022 година

„Алкалоид“ – најпосакувана македонска компанија за вработување во 2022…

„На манифестацијата беа доделени награди во вкупно 7 категории, а ’Алкалоид’ ја…