Нов голем раст на минималната плата во најава – Еве колку ќе биде минималецот, a најавена е и помош за пензионерите

Вицепремиерот Фатмир Битиќи најави зголемување и на минималната и на просечната плата, при што минималната плата во март се очекува да достигне 22.500 денари.

Во емисијата „Слободен печат“, Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, изјави дека преговорите со претставниците на пензионерите резултирале со поместување во корист на покачување на пензиите за ранливите категории на просечна плата. До април ќе биде обезбедена и дополнителна помош според нивната база.

Битиќи напомена дека во преговорите биле вклучени и здруженија на пензионери и било договорено методологијата да е одличен модел за усогласување на пензиите. Тој изрази уверување дека мерките што се преземаат даваат резултати, а инфлацијата е на исто ниво како пред кризата. Битиќи истакна дека инфлацијата за само една година се намалила од 19,8 на 3,5 отсто, благодарение на сетот мерки што се спроведуваат.

Вицепремиерот смета дека мерките даваат резултат, а инфлацијата е на ниво како пред кризата.

Мерките што ги преземаме даваат резултат. Кажавме дека до крајот на годината ќе ја завршиме на висина со скоро исто ниво на инфлација како што имавме и пред кризата. 3.5% последната инфлација, последниот месец, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Можеби ќе ве интересира...

Дали знаете колку се заработува во филијалите на Лидл?

BiznisPRO

Централниот регистар го продолжува рокот за поднесување годишна сметка

BiznisPRO

Германија ги наполни складиштата за гас

BiznisPRO