Во Австрија паѓа инфлацијата

Годишната стапка на инфлација во Австрија во февруари падна од јануарските 4,6 на 4,3 отсто, во согласност со претходната прелиминарна проценка, објави денеска австрискиот статистички институт Статистик Австрија.

Цените на храната и на безалкохолните пијалоци се зголемени за 3,7 отсто на годишно ниво, на рестораните и хотелите за 8,3 отсто, на услугите во рекреација и култура за пет отсто, а во сите наведени случаи растот е побавен од јануари.

Спротивно на тоа, цените на транспортот во Австрија се зголемија за 1,2 отсто на годишно ниво, со побрзо темпо во споредба со јануариските 0,3 отсто.

Цените на комуналните услуги се зголемија за 4,2 отсто на годишно ниво, со исто темпо како и во јануари.

На месечно ниво, цените во Австрија во февруари пораснале за 0,7 отсто.

Можеби ќе ве интересира...

Колку ќе чини еврото, а колку доларот? – курсна листа за 1-ви октомври 2024

BiznisPRO

Колку ќе вреди доларот, а колку еврото во петок? – Курсна листа за 24 јануари 2025

BiznisPRO

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

BiznisPRO