Во март 2025 година просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 67.240 денари

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во март 2025 година изнесува 67 240 денари, додека просечната нето плата за истиот период била 44.763 денари.

Во март 2025 година, во однос на март 2024 година, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен е повисока за 10.6 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Образование за 16.0 %, Рударство и вадење на камен за 14.2 % и Земјоделство, шумарство и рибарство за 12.3 %.

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен од 12.6 %, Преработувачка индустрија од 6.5 % и Уметност, забава и рекреација, Образование од 6.4 %.

Можеби ќе ве интересира...

Како да одберете премија за осигурување според потребите на вашиот бизнис?

BiznisPRO

Скопскиот регион учествува со 45.9 % во бруто-домашниот производ, а Североисточниот Регион со 4.5 %

BiznisPRO

Од денеска ќе точиме поевтини горива

BiznisPRO