Во периодот јануари – септември 2025 година, градежната оператива извршила градежни работи во странство во вкупна вредност од 106 милиони денари

Во периодот јануари – септември 2025 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 134 137 илјади денари, што е за 63.1 % помалку во споредба со истиот период од претходната година, извести ДЗС.

Во наведениот период, градежната оператива од Република Северна Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 106 188 илјади денари, што е за 29.2 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Вредносните податоци за периодот јануари – септември 2025 во однос на истиот период од 2024 година се дадени врз база на паритетот 1 САД долар = 58.8807 денари.

Можеби ќе ве интересира...

За 100 килограми треба да издвоите 786 евра: Големопродажната цена на путерот во ЕУ бележи значително зголемување, страдаат потрошувачите

BiznisPRO

Дали е проблемот студеното време: Падна продажбата на пиво во Холандија

BiznisPRO

НАЈГОЛЕМИОТ РЕЗЕРВОАР НА ЛИТИУМ НА СВЕТОТ Ова може да ја промени иднината на ИНДУСТРИЈАТА НА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА

BiznisPRO