Во септември 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, е зголемена за 7.6 %

Во септември 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, е зголемена за 7.6 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Во трговијата на мало во септември 2025 година, во споредба со септември 2024 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално опаѓа за 0.8 %, а реално за 7.1 %, Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е зголемена за 12.1 %, а реално за 7.6 %, Трговија на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 5.7 %, а реално за 0.1 % и Трговија на мало со автомобилски горива опаѓа реално за 1.5 %, а номинално за 0.8 %.

Можеби ќе ве интересира...

Електродистрибуција го имплементира најновиот SIEMENS SCADA систем за дигитално управување со мрежа

BiznisPRO

Нови цени на горивата во земјава

BiznisPRO

Технолошките гиганти ги туркаат берзанските индекси нагоре – 82% од компаниите во S&P 500 над очекувањата

BiznisPRO