Вредноста на доларот речиси непроменета: Сите погледи се вперени во FED

Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, остана непроменет на неделно ниво, на 102,44 поени.

Истовремено, доларот ослабе за 0,1 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,0950 долари. Курсот на доларот порасна во однос на јапонската валута, за 0,2 отсто, на 144,90 јени. Во средината на неделата доларот зајакна во однос на кошничката валути, откако беше објавено дека потрошувачките цени во САД во декември се зголемија за 0,3 отсто на месечно ниво, додека тие зајакнаа за 3,4 отсто на годишно ниво.

Ова е повисока стапка на инфлација од очекуваното, па шпекулациите дека ФЕД ќе почне да ги намалува каматните стапки веќе во март стивнаа. Во петокот беше објавено дека во декември продажните цени неочекувано паднале за 0,1 отсто на месечно ниво, додека пораснале за 1 отсто на годишно ниво.

Ова ги обнови шпекулациите дека ФЕД ќе почне да ги намалува каматните стапки во блиска иднина, иако претставници на ФЕД велат дека се уште е рано за намалувања бидејќи инфлацијата и понатаму е висока.

Наскоро се очекува првото намалување на каматните стапки во еврозоната. Претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард минатата недела изјави дека најлошото од инфлацијата веројатно е завршено и дека каматните стапки ќе бидат намалени доколку инфлацијата падне на 2 отсто.

Можеби ќе ве интересира...

Пристанишните работници во Шведска шират протести против Тесла, го блокираат истоварот

BiznisPRO

Продолжување на трговската војна: Американците го блокираа увозот на „ауди“ и „порше“ поради кинески делови

BiznisPRO

Германка откри колку ќе и остане кога ќе ги плати сите режиски трошоци

BiznisPRO