Вртогалви трошоци за живот: Германија стана СТРАШНО СКАПА за сите работници, трошоците за живот во Македонија пониски за половина од тие во Германија

За работниците кои доаѓаат во Германија надвор од ЕУ, животот е значително поскап отколку дома. Во некои земји, трошоците за живот се речиси 70 отсто пониски отколку во најголемата европска економија.

Според податоците на Германскиот сојузен завод за статистика, трошоците за живот во Индија и Египет во 2021 година биле за 67 отсто пониски отколку во Германија. Во Грузија, Виетнам и Тунис стоките и услугите чинат 60 отсто помалку отколку во таа земја. Во САД, пак, трошоците за живот беа повисоки за 7 проценти.

Трошоците за живот се значително помали и во балканските земји. Во Северна Македонија, цените се за половина пониски од Германија, потоа БиХ и Албанија (41 отсто пониски) и Србија (39 отсто пониски).

По Египет, Тунис (60 отсто) беше најевтин на африканскиот континент во споредба со Германија, а потоа следат Гана и Сенегал, каде што трошоците за живот беа речиси половина поевтини од Германија. Живеењето во Мароко е поевтино за 44 отсто.

Работниците во Виетнам, исто така, живееле значително поевтино отколку во Германија (60 проценти), а квалификуваните работници од Тајланд и Филипините имале приближно половина од трошоците за живот дома. Во Кина, пак, нивото на цените било за 24 отсто пониско.

Можеби ќе ве интересира...

Во Македонија има 100.000 невработени лица

BiznisPRO

Девизните резерви достигнаа речиси 4,3 милијарди евра

BiznisPRO

Ова се сите производи кои ќе бидат намалени со есенската кошничка

BiznisPRO