• јуни 9, 2022
  • 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ

Wizz air и Airbus потпишаа договор за авиони кои работат на водороден погон

Wizz air и Airbus потпишаа договор за авиони кои работат на водороден погон

Wizz Air, најбрзо растечката и најодржлива ултра нискобуџетна авиокомпанија во Европа, потпиша “Memorandum of Understanding (MoU)” со Airbus за да го истражи потенцијалот за работа на авиони со водородедн погон.

Соработката значи дека Wizz Air ќе го анализира потенцијалот за високо ефикасна, ултра евтина работа на водород. Тоа ќе му обезбеди на WIZZ многу подлабоко разбирање за тоа како управувањето со авион на водороден погон со нулта емисија на стакленички гасови може позитивно да влијае на идниот бизнис модел на авиокомпанијата.

Целта на овој Меморандум е да се идентификуваат и оперативните и инфраструктурните можности и предизвиците на авионите со водороден погон. Двете страни ќе соработуваат за да развијат длабоко разбирање за:

• Еволуцијата на глобалниот водороден екосистем од перспективите на општеството, регулативата, цените на енергијата и инфраструктурата за снабдување со водород
• Влијанието на водородните авиони врз флотата, операциите и инфраструктурата на Wizz Air, вклучително и нејзината мрежа, распоред, копнени бази и аеродроми, со разгледување на специфични карактеристики на авионите, како што се растојанието кое можат да го поминат и времето на полнење гориво

Johan Eidhagen, главен директор за човечки ресурси и ESG на Wizz Air изјави: „Во Wizz Air, ние остануваме амбициозни со нашата стратегија за раст да ја исполниме нашата посветеност да го направиме патувањето достапно за сите, притоа обезбедувајќи одлично искуство на клиентите на една од најмладите и најеколошките флоти во Европа. Ние веруваме дека растот и одржливоста се движат во паралелна меѓусебна корелација, со врвна нова технологија што го отвора патот кон поодржливо воздушно патување. Овој значаен договор со Airbus ќе го унапреди одржливото воздухопловство низ целиот свет преку развој на ултра-ефикасни делувања и деловни модели во иднината. Ние сме апсолутно воодушевени и со нетрпение очекуваме да ја започнеме нашата соработка“.

Glenn Llewellyn, потпретседател на одделот за авиони со нулта емисија на Airbus изјави: „Работата со нашите клиенти е најважна за развој на климатски неутрален авион со нулта емисија до 2035 година. Многу сме задоволни што го имаме Wizz Air како соработник во тековните истражувања и развој на барањата за операции на водородни авиони во авијациски екосистем на водороден погон. Разбирањето на перформансите на флотата и мрежата на авиокомпаниите ни овозможува подобро да ги дефинираме архитектонските карактеристики за иден авион ZERO, како и влијанието врз аеродромите, копнената поддршка и мрежата на рути.”

Овој Меморандум со Airbus се надоврзува на позицијата на Wizz Air како еколошки најефикасен избор за авионско патување и кампањата за одржливост на авиокомпанијата, „Fly the Greenest“, која ги поттикнува патниците да донесат правилна одлука кога ќе одлучат да летаат. Кампањата служи за подигање на свеста за работата на WIZZ на една од најмладите и најефикасните флоти во светот. WIZZ работи со најниски емисии на CO2 по патнички километар во однос на сите конкурентни авиокомпании и ако секоја авиокомпанија е исто толку ефикасна како Wizz Air, европските емисии на CO2 од воздухопловството би се намалиле за 34%.

Во ноември 2021 година, Wizz Air потпиша договор со Airbus за купување на уште 102 авиони А321, од кои 75 A321neo и 27 Airbus A321XLR. Овој договор предизвика позитивна реакција од акционерите на вонредното собрание на акционери одржано на 22 февруари 2022 година.

Со новата нарачка, заостанатата испорака на Wizz Air опфаќа цврста нарачка за 34 A320neo, 240 A321neo и 47 A321XLR авиони, плус дополнителната нарачка за 15 A321neo и правата за купување на 75 A321neo. Ова претставува вкупно 411 авиони.

Поврзани соддржини

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4…

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година…
Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари…

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со…
Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за…

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во…
Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите…

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои…
Замрзнати цените на јајцата и оризот

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за…
Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари…

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел…
МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 27.02.2023 година…
Нова цена на горивата

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои…
ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст на клиентската база и достигна учество на еко портфолиото од 20%

ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст…

Во 2022 година ПроКредит оствари значително позитивни деловни резултати – над 17%…
Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 26.02.2023 година произведе 13.114 MWh електрична енергија, која е…
Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната плата: Месечните примања ќе им пораснат за над 2.000 денари веќе од следниот месец

Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната…

Зголемувањето на минималната плата ќе биде за 12,55 отсто, односно истата од…
Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 24.02.2023 година произведe 14.530 MWh електрична енергија, која е…