Унгарија привлече рекордни инвестиции од 13 милијарди евра

Во 2023 година Унгарија привлече инвестиции во износ од рекордни 13 милијарди евра, изјави министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто.

Според него, светската економија се соочила со „многу сериозна криза“ бидејќи нивото на глобалните инвестиции паднало за 12,5 отсто од 2021 до 2022 година, а во првата половина на 2023 година е забележан дополнителен пад од 30 отсто, пренесува агенцијата МТИ. .

Сијарто истакна дека, и покрај негативните светски трендови, Унгарија привлече 6,5 милијарди евра странски инвестиции во 2022 година и повеќе од 13 милијарди евра во 2023 година, со поддршка на грантови од Владата на Унгарија во износ од две милијарди евра.

Инвестициите отворија рекордни 19.000 работни места во земјата, рече унгарскиот министер.

Кина минатата година беше најголемиот странски инвеститор во Унгарија, а втората по големина група инвеститори се локалните компании, што значи дека Унгарија сега има силен бизнис сектор кој може да се натпреварува со странските инвеститори, нагласи Сијарто.

Унгарија е победник на „новата ера на глобалната економија“ бидејќи привлече многу инвестиции од индустријата за електрични возила кои ќе ја дефинираат новата ера, заклучи Сијарто.

Кинескиот производител на електрични автомобили „BYD“ ќе ја гради својата прва европска фабрика во унгарскиот град Сегед, објавија медиумите во декември.

Можеби ќе ве интересира...

Работа има, но нема заинтересирани: Во Европа има недостиг од работна сила, најголем проблем е угостителството и здравството

BiznisPRO

БАРААТ СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ: Германците молат за овие 4 „женски“ занимања, но никаде ги нема

BiznisPRO

Германија го одобри буџетот за 2024 година: Сепак, ги намалува субвенциите

BiznisPRO