За 23 отсто паднал прометот во трговијата со бензин и нафта, расте прометот на храна, пијалоци и тутун

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало во јануари 2024 година, во споредба со јануари 2023 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите:

Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 4.4 %, а реално за 0.8 %), Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 6.4 %, а реално за 2.3 %), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 8.5 %, а реално за 3.8 %).

Пад и во двете стапки е забележан само во групата: Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 23.2 %, а реално за 19.3 %). Од 2024 година, месечните индекси за прометот во трговијата се пресметуваат со нова базна година: 2021 = 100. Сите индекси објавени претходно со базата 2015 = 100 ќе бидат преработени со новата базна година и објавени во базата MакСтат.

Можеби ќе ве интересира...

Цените на гасот растат во Франција

BiznisPRO

Пад на индустриското производство: Значително помалку се произведени капитални и стоки за широка потрошувачка

BiznisPRO

ПРОВЕРЕТЕ ГИ СМЕТКИТЕ, ДОАЃА К-15: Кој има право на регрес за годишен одмор годинава и колку ќе изнесува?

BiznisPRO