ПРОВЕРЕТЕ ГИ СМЕТКИТЕ, ДОАЃА К-15: Кој има право на регрес за годишен одмор годинава и колку ќе изнесува?

Се зголемува минималниот износ за К-15, кој, за оваа година ќе изнесува најмалку 14.000 денари, велат новите пресметки.

Со растот на просечната плата, расте и К-15. Според пресметките ваквата бројка се добива кога ќе се земат предвид последните просечни месечни плати што ги објавил Државниот завод за статистика и кога од нив ќе се пресмета правото на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40 проценти.

Исплатата на К-15 или регрес за годишен одмор законски започна од 1 јули годинава во сите фирми и институции во државата, зошто не постои компанија која е ослободена од плаќање на регрес за годишен одмор кој им следува на работниците. Некои од компаниите им го исплатија К-15 уште веднаш, но многу го чекаат последниот воз.

Со доаѓањето на крајот на календарската година, така се стеснува и рокот до кој мора сите компании на своите работници да им го исплатат К-15. Рокот за кој ќе мора да се исплати К-15 е 31. декември.

Оваа година К-15 ќе добијат и административците од 10.000 денари, а од наредната година сумата која ќе им се исплаќа на буџетарите ќе биде 30 отсто од просечната плата.

Казните за неисплатен К-15 се високи и достигнуваат неколку илјади евра.

Можеби ќе ве интересира...

Бектеши: Со прогласување на кризна состојба во енергетскиот сектор веднаш почнуваме со мерки за стопанството и домаќинствата за излез од енергетската криза

BiznisPRO

Исплатена бонус плата од 28.718 денари за 2021 година во МВР

BiznisPRO

Русите се закануваат: „Барел нафта ќе чини 500 долари, а цената на гасот подобро да не знаете!“

BiznisPRO