ЗНАЧАЈНИ ЗАШТЕДИ: Едноставен трик за да избегнете трошење пари за греење

Поради лошата изолација, сметките за струја скокаат во зимскиот период, најмногу поради потребата од дополнително греење, за што вообичаено се вклучуваат електричните греалки, а самата грејна сезона подразбира два до три пати поскапи сметки за парно за некои шест месеци од година.

Сепак, постои едноставен трик со кој можете да заштедите пари за греење и да го загреете станот.

Во зима, лошата изолација е голем проблем. Како што постои трик да се прилагоди ПВЦ прозорецот во зимската положба и на тој начин да се обезбеди потопла просторија и да се намали сметката за струја, односно греење, така постои и начин да се спречи загубата на топлина од радијаторите поставени на надворешните ѕидови на станот.

Наместо топлината да бега кон надвор, позади радијаторот поставете термоизолационен филм, за да ја рефлектира топлината назад во просторијата, па сметките ќе бидат помали.

Исто така, внимавајте топлината што ја создава радијаторот да не ја блокираат завесите, мебелот или облеката што се суши, бидејќи тоа ќе ја намали и способноста на радијаторот да ја загрева просторијата.

Можеби ќе ве интересира...

ЕСМ чека понуди за набавка на гас од Макпетрол и уште две фирми

BiznisPRO

Единствена понуда на пазарот на електрична енергија – РЕС: компаниите можат да се снабдат со струја и по фиксни цени и по најниски берзански цени

BiznisPRO

Дали треба да посетите менувачница: Објавена курсната листа за 7-ми март 2024

BiznisPRO