Ново значително поскапување на горивата – Еве ги новите цени

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 11.09.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 90,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), изнесува 85,00 ден/лит

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 11.09.2023 година и со тоа малопродажната цена ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 86,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 11.09.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 90,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 47,304 ден/кг.

Можеби ќе ве интересира...

За еден долар за барел: Пад на цените на нафтата, инвеститорите претпазливи

BiznisPRO

Германците не сакаат жени за шефови

BiznisPRO

„Брако“ и „Грин Машинс“ на ИФАТ саемот во Минхен

BiznisPRO