Германците не сакаат жени за шефови

Уделот на жените во менаџментот на германските компании е зголемен за само три отсто од 2004 година, на 28 отсто, соопшти Институтот за истражување на пазарот на труд и занимања (ИАБ).

Во извештајот објавен во вторникот, ИАБ укажува дека жените сочинуваат 44 отсто од сите вработени и заклучува дека тие очигледно не се соодветно застапени на лидерски позиции.

Повеќе жени има на второто раководно ниво, каде што учествуваат со 41 процент. Сепак, тој удел остана непроменет од 2016 година.

Во исто време, уделот на жените на раководни позиции на двете нивоа на управување е поголем во источните отколку во западните германски покраини. На исток, на второто ниво на администрација има повеќе жени отколку мажи, наведуваат авторите.

Менаџерската работа со скратено работно време станува сè попопуларна и сега 23 отсто од приватните компании во Германија го дозволуваат тоа на своите менаџери. Ова е седум отсто повеќе од 2014 година.

Во тој сегмент, жените пополнуваат речиси три четвртини од сите раководни позиции во приватниот сектор.

„Подготвеноста на работодавците да дозволат работа со скратено работно време за нивните менаџери може да биде патека за професионален напредок заедно со семејните обврски“, рече Ирис Мелер од IAB.

За извештајот, институтот се потпира на репрезентативна анкета со учество на околу 15.000 домашни компании.

Можеби ќе ве интересира...

СЕФФ 2023: Економскиот ефект од ЕУ е 15% до 20% повисок БДП, РС Македонија може да биде 28-ма членка

BiznisPRO

Копнениот персонал на Луфтханза најави штрајк: Ќе опфати седум германски аеродроми

BiznisPRO

Ново големо поскапување на дизелот, ова се новите цени на горивата

BiznisPRO