Копнениот персонал на Луфтханза најави штрајк: Ќе опфати седум германски аеродроми

Копнениот персонал на германската авиокомпанија Луфтханза во вторник ќе го продолжи штрајкот со барање за зголемување на платите, соопшти денеска синдикатот Верди.
Синдикатот соопшти дека штрајкот, кој ќе трае до среда, ќе ги опфати аеродромите во Франкфурт, Минхен, Хамбург, Берлин, Дизелдорф, Келн и Штутгарт.

Синдикатот Верди бара зголемување на платите за 12,5 отсто за 25.000 вработени во Луфтханза или зголемување од најмалку 500 евра месечно за период од 12 месеци, како и еднократна исплата од 3.000 евра за да се намалат ефектите од инфлацијата. .
Во Германија од почетокот на оваа година работниците во воздушниот транспорт, јавниот градски превоз и железницата одржаа серија штрајкови барајќи повисоки плати и подобри услови за работа.

Штрајкот на копнениот персонал на Луфтханза на почетокот на февруари предизвика откажување на 900 од 1.000 планирани летови, при што беа погодени околу 100.000 патници.

Можеби ќе ве интересира...

Девизен курс за 1 март 2024

BiznisPRO

Познато е кога ќе бидат исплатени јануарските пензии, а помошта веќе легна на сметките на граѓаните

BiznisPRO

Рекордни цени и инфлација: Белгијците не можат да издвојат пари за основните потреби

BiznisPRO