Познато е кога ќе бидат исплатени јануарските пензии, а помошта веќе легна на сметките на граѓаните

Пензиите се очекува да бидат ислпатени на 1-ви февруари во четврток.

Во меѓувреме од 24-ти јануари на сметките на илјадници пензионери стигнаа парите од помошта.

Средствата за корисниците на право на пензија во висина до 19.000 денари, за период од пет месеци, започнувајќи од месец декември 2023 година, изнесува:

3.000 денари месечно за корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина не поголема од 14.000 денари во претходниот месец од месецот во кој се врши исплатата на финансиската поддршка,

2.000 денари месечно корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина од 14.001 денари до 16.000 денари во претходниот месец од месецот во кој се врши исплатата на финансиската поддршка и

1.500 денари месечно за корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина од 16.001 денари до 19.000 денари во претходниот месец од месецот во кој се врши исплатата на финансиската поддршка.

Можеби ќе ве интересира...

Доларот зајакна во однос на повеќето други валути

BiznisPRO

Едногласна порака од конференцијата за здравство на АмЧам: “Квалитетното здравство е инвестиција во човечкиот капитал”

BiznisPRO

Од утре нула проценти ДДВ за основните прозиводи за исхрана

BiznisPRO