Доларот зајакна, но еврото падна: Дали Европа треба да се грижи?

Во работната недела што претстои, вредноста на доларот во однос на кошницата светски валути се зголеми, бидејќи инфлацијата во САД останува висока, па се очекува ФЕД да ги задржи високите каматни стапки подолго од очекуваното.

Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на американската валута во однос на шесте најважни во светот, во последните денови зајакна за 0,5 отсто, на 106,65 поени.

Истовремено, доларот зајакна за 0,7 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото се лизна на 1,0510 долари.

Инаку, „зелената банкнота“ беше под притисок на почетокот на неделава, бидејќи повеќе функционери на американската централна банка порачаа дека, можеби, клучните каматни стапки не треба дополнително да се зголемуваат.

Сепак, во втората половина од неделата, доларот закрепна бидејќи американската инфлација се чинеше дека останува висока. Во септември, имено, потрошувачките цени се зголемени за 0,4 отсто на месечно и 3,7 отсто на годишно ниво, што е повеќе од проценките на аналитичарите.

Основната стапка на инфлација, без цените на храната и енергијата, очекувано порасна за 0,3 отсто на месечно, а 4,1 отсто на годишно ниво… А како е на Стариот континент за тоа време?

Според податоците од септември, инфлацијата во Европа во август изнесувала 5,2 отсто, што е благо намалување во однос на 5,3 отсто во јули. Годишната инфлација во ЕУ во август изнесуваше 5,9 отсто.

Можеби ќе ве интересира...

Традиционалното закројување на лозјата на „Тиквеш“ за Св. Трифун во знакот на новите прогресивни практики на винарницата

BiznisPRO

Блокирани 6,2 милијарди долари – Санкциите за рускиот имот во Швајцарија само ќе растат

BiznisPRO

Нови правила за купување во Лидл од 1 јануари

BiznisPRO