Пелети може да се најдат и за 220 денари, но откако граѓаните се “изгорија” се помалку ги користат – многумина се префрлија на инвертери

Иако сме сред сезона, цената на пелетите овој период е речиси тројно помала од минатогодишната кога една вреќа од 15 килограми изнесуваше и над 600 денари. Сега пелетите може да се најдат за 220, 230 и 260 денари од вреќа, а ако можеби има и поевтини.

Огласниците се преполни со огласи за продажба на печки на пелети.

Минатата година многу семејства низ Македонија направија трансфер од греење на пелети кон греење со инвертери или дрва. Со оглед дека многумина лани беа заинтересирани за купување на инвертер клими, познатите компании триеја раце од продажбата, па и ги покачија цените на овие уреди кои оваа година се со доста пониска цена.

– Годинава не набавивме пелети, ќе се грееме на инвертер. Ем многу поевтино, ем чиста работа, вели граѓанин.

– Лани ја купивме климата за 45 илјади денари, оваа година понов модел со иста јачина е за 32 илјади денари, додава граѓанинот.

Годинава поевтини се и дрвата од лани, но поскапи од порано. Така сега кај приватниците кубик дрва може да се најде и за околу 4000 денари, а лани цената стигнуваше и до 100 евра од кубик.

Како ќе се греете годинава?

Можеби ќе ве интересира...

Значително поскапување на бензинот – Ова се новите цени на горивата

BiznisPRO

За претседател на Управниот одбор на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје, е назначен Климе Попоски

BiznisPRO

ПОЛНЕТЕ РЕЗЕРВОАРИ: Од ноќеска поскапува дизелот, еве ги новите цени на горивата

BiznisPRO