Пад – каков што Русија досега не видела

Во вториот квартал, нивото на рускиот надворешен долг првпат во историјата падна под 15 отсто од БДП, а долгот по глава на жител е 2.300 долари, што е најниско од 2006 година.

На крајот на вториот квартал, надворешниот долг на Русија изнесува 343,4 милијарди долари или 14,96 отсто од БДП на Руската Федерација, како што произлегува од пресметката на агенцијата РИА Новости врз основа на податоците на Централната банка на Русија. .

Како што пренесува Комерсант, веќе е познато дека надворешниот долг на Русија во третиот квартал е намален за уште четири отсто на 329,5 милијарди долари, а од почетокот на годината долгот е намален за 14,1 отсто.

Руската централна банка претходно соопшти дека намалениот надворешен долг е предизвикан од слабеењето на руската рубља во однос на американскиот долар, како и намалувањето на обемот на руските државни хартии од вредност кои ги поседуваат нерезиденти на Русија.

Надворешниот долг на Русија се намалува веќе неколку години по ред. Во 2020 година тој беше 31 отсто од БДП, во 2021 година беше 26,2 отсто од БДП, а во 2022 година беше 16,6 отсто од БДП.

Можеби ќе ве интересира...

Илон Маск и понатаму на првата позиција: Десетте најбогати луѓе во светот изгубиле речиси 50 милијарди долари во октомври

BiznisPRO

Цените на бакарот се највисоки во последните 11 месеци

BiznisPRO

„ГИ ПОЧИТУВАМЕ ЕВРОПСКИТЕ КЛИЕНТИ“: Гаспром продолжува со редовна испорака на гас

BiznisPRO