Колку штедат Германците за еден месец?

Цените во Германија се високи и сè уште растат, но во првата половина од годинава граѓаните заштедиле приближно колку и лани – над меѓународниот просек.

Стапката на штедење е 11,3 отсто, што значи дека просечниот германски жител заштедува 11,3 евра за секои 100 евра нето приход или 260 евра месечно, објави во вторникот Федералниот завод за статистика.

Стапката на заштеда беше околу шест проценти повисока за време на пандемијата, во првата половина на 2020 и 2021 година. Тогаш многу луѓе имаа повеќе пари, бидејќи, на пример, не патуваа, а рестораните и спортските центри не работеа.

Но, кој колку штеди сепак зависи од висината на приходите, склоноста кон штедење и животната ситуација, велат статистичарите, нагласувајќи дека разликите се очигледни.

Некои можеа многу да заштедат, додека на други не им остана ништо на крајот на месецот. Многу домаќинства се погодени од постојано високите цени на храната.

Во споредба со другите индустриски развиени земји, Германците штеделе над просекот во 2022 година.

Во Италија, на пример, стапката на штедење е 2,1 отсто, во САД 3,7, во Јапонија 5,4 и во Австрија 8,8 отсто, покажуваат податоците на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Од друга страна, Швајцарците заштедиле повеќе од Германците со стапка од 18,4 отсто и Холанѓаните со 12,7 отсто.

Можеби ќе ве интересира...

Дали „Х“ станува банка?

BiznisPRO

Големи разлики меѓу Западот и Истокот: Во овие градови во Германија просечната плата е повеќе од 5.000 евра

BiznisPRO

ЦЕНАТА НА НАФТАТА ПАД, ЗЛАТОТО СКОКНА: Европските берзански индекси во пораст

BiznisPRO