Тргна исплатата за “Мој ДДВ” – Од наредната година сумата на пари кои ќе им се исплаќаат на граѓаните ќе се зголемува

Во тек е исплатата на парите од повратокот на данок преку проектот Мој ДДВ. Голем број на корисници на своите сметки добија прилив, а во следниве денови исплатата ќе финализира за сите корисници.

Приливот се однесува за скенирани фискални за месеците јули,август и септември.

Можно зголемување на прагот на повратот на ДДВ

Директорка на УЈП, Сања Лукаревска во гостување на МТВ во средата, рече дека повратот на ДДВ може да биде и повисок од моменталниот од 2.100 денари, односно тој постепено да се зголемува.

-Не треба да останеме на повратот од 2.100 денари, туку може од наредната година постепено да го зголемуваме, рече Лукаревска.

Сите показатели што произлегуваат од овој четиригодишен период укажуваат дека мерката „МојДДВ“ е добро дизајнирана и позитивно прифатена од граѓаните.

Можеби ќе ве интересира...

Супер вест: Значително намалување на бензините и дизелот

BiznisPRO

Нова супер понуда на А1 – делат големи попусти на телефони, а тврдат дека ја намалиле и претплатата

BiznisPRO

На 14-то издание на Фестивалот на младо вино промовирана новата генерална директорка на „Тиквеш“

BiznisPRO