Доаѓаат серија неработни денови – Еве кои денови се неработни до крајот на 2023-та и за божикните и новогодишни празници

8-ми декември е последниот неработен ден за оваа година за сите граѓани и се слави Свети Климент Охридски.

За одредени заедници неработни се и други денови, па така за католиците нераобтни се 1 ноември (среда), Празникот на сите светци и 25 декември (понеделник), првиот ден на Божик. За граѓаните припадници на албанската заедница празник е 22 ноември (среда), Ден на Албанската азбука, за граѓаните припадници на еврејската заедница неработен ден е 25 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.

За Турците во Македонија неработен е 21 декември (четврток), Ден на настава на турски јазик.

Но празници следуваат и за новогодишниот период. Па така за сите граѓани неработни се 01 јануари (понеделник), Нова Година,
и 07 јануари (недела), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, односно 08 јануари (понеделник) е неработен ден

За православните неработни се и 6 јануари – Бадник и 20 јануари Водици.

Можеби ќе ве интересира...

Грците го прекинаа транспортот на руската нафта

BiznisPRO

Владата ги продолжи мерките за замрзнување на цените

BiznisPRO

НЛБ Банка, една година патронство над пациентите со цистична фиброза

BiznisPRO