Централната банка на Индија ја задржа референтната каматна стапка

Централната банка на Индија (РБИ) денеска објави дека одлучила да ја задржи референтната каматна стапка на 6,5 отсто, петти пат по ред.

Глобалниот раст забавува, но индиската економија покажува отпорност на светските настани бидејќи економијата на земјата порасна за 7,6 отсто на годишно ниво во вториот квартал од фискалната 2023/24 година, поттикната од инвестициите и државните трошоци, се наведува на веб-страницата на RBI.

„Здравите биланси на банки и корпорации, нормализирање на синџирите на снабдување, раст на оптимизмот во бизнисот и зголемување на јавните и приватните капитални расходи треба да ги поттикнат инвестициите во иднина“, се посочува во извештајот на RBI.

Врз основа на добрите резултати, банката ја ревидираше нагоре проценката за економскиот раст на Индија во фискалната 2023/24 година – од 6,5 проценти на седум проценти на годишно ниво.

Во исто време, гувернерот на RBI, Шактиканта Дас, предупреди дека годишната стапка на инфлација во Индија може да се зголеми од октомвриските 4,8 отсто до крајот на годината поради повисоките цени на храната.

Можеби ќе ве интересира...

Германскиот производител на автомобили плаќа бонуси до 7.900 евра

BiznisPRO

Русија: Нема да работиме под ограничувања на цената на нафтата, дури и ако го намалиме производството

BiznisPRO

Падна цената на барелот: Нафтата падна за повеќе од еден процент

BiznisPRO