Од 1 јануари најавени пониски сметки за струја – домаќинствата што штедат ќе плаќаат помалку, а другите повеќе

Цената на струјата за граѓаните во првиот блок од 1 јануари се намалува за 5,16 проценти.

Во вториот блок останува непроменета, во третиот блок има зголемување на цената од 2,88 проценти, а во четвртиот блок за 1,86 проценти.

Според податоците, 80 отсто потрошувачите во државата никогаш не влегуваат во третиот блок, дури и во зимските месеци остануваат во вториот блок, што значи дека повеќето корисници ќе плаќаат поевтина струја.

Покрај намалувањето, домаќинствата од 1 декември оваа година користат и дневна евтина тарифа на струјата, секој ден од 13 до 15 часот.

Корисниците сега имаат на располагање вкупно 11 часа евтина електрична енергија во текот на едно деноноќие од понеделник до сабота и 24 часа во неделите.

Враќањето на евтината тарифа е во вистинско време, затоа што трошоците на граѓаните се зголемуваат во зимскиот период.

Од оваа мерка најмногу корист имаат оние кои внимаваат и штедат, како и пензионерите кои во тој периодот од денот се во своите домови.

Можеби ќе ве интересира...

ТРГНА ИСПЛАТАТА НА ПОМОШТА ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ И РАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ НА ГРАЃАНИ – Еве што соопштија властите

BiznisPRO

Цените на нафтата паднаа

BiznisPRO

Фирмите кои со манипулации влегле на регулираниот пазар, од јануари автоматски ќе бидат вратени на слободниот пазар

BiznisPRO