фото Pixabay

ЕУ го санкционираше најголемиот руски производител на дијаманти

Денеска Европската унија (ЕУ) воведе санкции за најголемиот светски производител на дијаманти „Алроса“ и извршниот директор на таа руска компанија, Павел Алексејевич Мариничев.

Од Брисел беше соопштено дека компанијата претставува важен дел од економскиот сектор кој на Москва и обезбедува значителен приход и дека проширувањето на листата на санкции е доказ за „непоколебливата посветеност“ на Украина во војната против Русија.

Средствата на Алроса во Европа ќе бидат замрзнати, а на граѓаните и компаниите на ЕУ ќе им биде забрането да ставаат средства на располагање на компанијата.

Забрана за патување во Европа се соочува и Мариничев, кој беше назначен со тригодишен мандат во мај минатата година.

Ограничувањето на увозот на руски дијаманти во земјите од Г7 и испораката на дијаманти во Европската унија како дел од 12-от пакет санкции на ЕУ стапи на сила на 1 јануари.

Можеби ќе ве интересира...

Илјадници Македонци и оваа година ќе заминат на работа во Хрватска: Се бараат пица мајстори и скараџии за плати од 2.500 евра

BiznisPRO

Цените на „црното злато“ продолжуваат да растат: Саудиска Арабија и Русија го продолжија периодот на намалување на производството на сурова нафта

BiznisPRO

ЕУ ја удира Кина

BiznisPRO