Сијарто: Регионалната берза за електрична енергија ќе почне со работа во првата половина од годинава

Унгарија, Србија и Словенија би можеле да започнат со работа на регионалната берза за електрична енергија во првата половина на оваа година.

Ова го изјави унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто.

Тој посочи дека одлуките за берзата се веќе донесени на експертско и корпоративно ниво и оти сега е потребно само одобрение од владата, пренесе агенцијата МТИ.

Сијарто посочи дека соработката меѓу европските земји во областа на енергетиката заради безбедно снабдување никогаш не била поважна.

Можеби ќе ве интересира...

Најголем пад во последните 16 месеци

BiznisPRO

Скокна цената на месото: Аргентина го прекина извозот на говедско месо на 15 дена

BiznisPRO

„Збогум банкомати“: Воведен е нов систем за плаќање

BiznisPRO