Норвежаните го решија проблемот: Гасот во Европа не беше толку евтин со години

Цените на природниот гас во Европа денеска се стабилизираа на најниско ниво за повеќе од две години благодарение на обилните резерви и благата зима.

Утрово мегават-час гас со рок на испорака од еден месец чинеше 29,70 евра на референтната холандска дигитална платформа.

Вчера падна под нивото од 30 евра за прв пат од почетокот на 2022 година. Аналитичарите укажуваат на релативно изобилство на увезен течен природен гас и полни магацини благодарение на благата зима. Во Германија во саботата биле пополнети 83,80 отсто, пренесува Индекс.

Норвешка стана главен снабдувач
На почетокот на минатата година неговата цена беше околу 79 евра за мегават-час, за накратко да надмине 57 евра во октомври кога конфликтот во палестинскиот Појас Газа ја подгреа загриженоста за снабдување. Оттогаш бележи надолен тренд.

Во август 2022 година достигна 277 евра поради намаленото снабдување со гасоводи од Русија. Во меѓувреме, Норвешка стана главен снабдувач на гас во Европа.

Можеби ќе ве интересира...

Пад на индустриското производство: Значително помалку се произведени капитални и стоки за широка потрошувачка

BiznisPRO

Нова цена на горивата – РКЕ во вторник ќе стокми нова одлука за малопродажните цени на дериватите

BiznisPRO

ОКТА: Финансиски резултати за третиот квартал / девет месеци од 2023 година

BiznisPRO