Производство и продажба на шумски сортименти, сеча на дрва и услуги во шумарството, четврто тримесечје од 2023 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното производство на шумски производи во државните шуми во четвртото тримесечје од 2023 година, во однос на четвртото тримесечје од 2022 година, е намалено за 3.9 %.

Зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни видови, рудничкото дрво од
иглолисни видови, другото обло дрво, просторното дрво и огревното дрво – од иглолисни видови.
Намалување на шумското производство е забележано кај трупците од листопадни видови и кај огревното дрво од листопадни видови.

Во истиот период продажбата на шумски сортименти изнесува 135 243 м3 и бележи зголемување за 1.5 %.

Можеби ќе ве интересира...

БРАКО e еден од најголемите производители на жичани производи во регионот

BiznisPRO

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

BiznisPRO

Со новиот пакет мерки пензионерите добиваат до 15.000 денари во наредните 5 месеци

BiznisPRO