Значително пораснале трошоците за градење – пораснале трошоците за вработените, но има голем пад кај градежните материјали

Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните договори.

Во четвртото тримесечје од 2023 година, во споредба со третото тримесечје од 2023 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 3.2 %, трошоците за материјали се пониски за 1.5 %, а трошоците за вработените се повисоки за 11.2 %.

Во четвртото тримесечје од 2023 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2022 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 5.4 %, трошоците за материјали се пониски за 6.4 % и трошоците за вработените се повисоки за 29.8 %.

Можеби ќе ве интересира...

Македонија меѓу земјите со најевтини горива во регионот и Европа

BiznisPRO

Еве каде Бил Гејтс ги вложува парите: Ова е иднината

BiznisPRO

„Намалете го греењето, облечете се потопло“: Кризата ја стега Европа, стравувањата од недостиг на гас и поскапување на храната

BiznisPRO