Шефовите на германските компании имаат лоши вести

Работодавците во Германија ги намалија плановите за вработување и во февруари, а можни се и отпуштања во наредните месеци.

Индексот на вработеност на институтот Ифо падна во февруари за 0,6 поени во однос на јануари, на 94,9 поени, објави во вторникот институтот.

„Економијата е толку летаргична што компаниите го одложуваат вработувањето на нови луѓе“, рече шефот на истражувањето на Ifo, Клаус Ворабе.

„Веќе не може да се исклучат ниту отпуштања“, додаде тој.

Знаците продолжуваат да укажуваат на намалување на работните места во производството, но и во трговијата, според германскиот институт за економски истражувања со седиште во Минхен.

Трговците ги одложуваат планираните вработувања поради помалата потрошувачка од страна на граѓаните, а тешка е и деловната состојба во градежниот сектор.

Вредноста на индексот за услужниот сектор и натаму е благо позитивна, но темпото на вработеност е забавено, наведуваат од Институтот. Светла точка е секторот на ИТ услуги и консултанти кои продолжуваат да вработуваат со несмалено темпо, додаваат оттаму.

Можеби ќе ве интересира...

Маск: Вештачката интелигенција може да ги остави сите без работа

BiznisPRO

Контејнерите се трипати поскапи поради Хутите

BiznisPRO

На сметките на работниците мора да легнат по 12.740 денари за К-15, казните за фирмите се огромни

BiznisPRO