Огромен отпор меѓу вработените: Германскиот финансиски гигант воведе хибридна работна политика, а сега бара РАБОТНИЦИТЕ ДА СЕ ВРАТАТ ВО КАНЦЕЛАРИЈА

Дојче банк се соочува со бран реакции од своите вработени по воведувањето на нови мандати во канцеларија, приклучувајќи се на низата компании кои ги напуштаат своите флексибилни работни политики.

Значителен број вработени во Германија ги критикуваа новите политики на внатрешната платформа за пораки, според меморандумот што тие го испратија во четвртокот до главниот извршен директор Кристијан Савинг и главниот оперативен директор Ребека Шорт, објави Блумберг.

Германскиот финансиски гигант неодамна им порача на вработените на глобално ниво дека од јуни оваа година од нив ќе се бара да се вратат во канцеларија најмалку три дена во неделата, од кои еден мора да биде понеделник или петок.

На персоналот ќе му биде дозволено да работи на далечина најмногу 40 отсто од своето време, практично два дена во петдневната работна недела, потврди портпаролот на банката за Business Insider, пренесува Блиц. Оние кои се на позицијата генерален директор се очекува да работат од канцеларијата четири дена во неделата, додаде портпаролот.

– Има огромен отпор меѓу вработените – изјави за Блумберг Срефан Зукалски, шеф на синдикатот на ДБВ што ги претставува вработените во Дојче банк. Тој додаде дека нема доволно канцелариски простор и дека вработените веќе се жалат на пренатрупаниот простор и лошите услови за работа. Тој за германскиот деловен весник Handelsblat изјави дека, поради пренатрупаноста, некои вработени дошле во канцеларијата уште во 7 часот наутро со цел да добијат место за работа до членовите на нивниот тим.

Дојче банк беше една од првите компании што воведе хибридна работна политика по пандемијата на Ковид, дозволувајќи им на вработените да работат од дома до три дена во неделата.

– Мислам дека задолжителната работа од канцеларија ќе го намали моралот на вработените доколку со овие промени не се постапува многу внимателно. Ги терате вработените да се вратат во канцеларија, што веројатно нема да биде популарно. Во спротивно, ќе се вратеа сами – изјави Николас Блум, професор по економија на Стенфорд.

Можеби ќе ве интересира...

Пад на животниот стандард во Германија: Рецесијата оди рака под рака со подемот на екстремната десница

BiznisPRO

Нова одлука: Овие станари имаат право на државен стан

BiznisPRO

Биткоин на највисоко ниво на сите времиња: Сега вреди повеќе од 72.000 долари

BiznisPRO