Германија: Канабисот легален од понеделник

Јавната, политичката и законодавната дебата за легализацијата на канабисот во Германија трае со години. Сега дефинитивно е готово и нема повеќе одложување: од 1 април граѓаните ќе можат под одредени услови да одгледуваат, купуваат, продаваат и консумираат марихуана.

Имено, откако помина низ двата дома на парламентот, контроверзниот закон беше потпишан во средата попладне. Но, тоа не го направи претседателот Франк-Валтер Штајнмаер, кој е на одмор, туку претседателката на Бундесратот, Мануела Швезиг.

Наредбата за печатење на официјалното соопштение е издадена, соопштија од кабинетот на претседателот. Според тоа, канабисот во Германија станува легален на Велики понеделник.

Ова ја уништи надежта на опозицискиот демохристијански блок дека претседателот ќе одбие да го потпише усвоениот закон, што беше последната можност за одложување предвидена со уставот.

Имено, шефот на државата може да оцени дека некој закон е во спротивност со уставот и да го врати во парламентот.

Можеби ќе ве интересира...

Растот на глобалната трговија би можел да се удвои оваа година

BiznisPRO

БАРААТ ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ: Илјадници вработени во банките ширум Шпанија излегоа на штрајк

BiznisPRO

КОМПАНИИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА СО НАМАЛЕНИ ИНВЕСТИЦИИ: Погледнете зошто се случи тоа

BiznisPRO