Цените на гасот нагло пораснаа на европскиот пазар

Цените на природниот гас во Европа денеска нагло пораснаа на берзата ТТФ, за 10,4 отсто на 37,8 евра за мегават-час поради падот на приливот на гас од Норвешка.

Цената на гасот во Европа е највисока во последните шест месеци.

Норвешкиот гасовод Гаско објави дека имало инцидент кај гасниот центар Слејпнир, кој потоа бил затворен.

Засега не е јасно кога хабот ќе продолжи со работа со полн капацитет.

Референтните цени на бензинот во Велика Британија, исто така, денеска пораснаа за 15 отсто, бидејќи испораките од Норвешка за Велика Британија беа значително намалени.

Како што објави порталот „Oilprice“, Норвешка стана најголемиот снабдувач на гас во Европа по февруари 2022 година и падот на извозот на руски гас во Европската унија, а непланираните прекини на снабдувањето од оваа скандинавска земја дополнително ја нагласуваат европската ранливост.

Можеби ќе ве интересира...

Колку чинат девизите денеска? – Курсна листа за 8-ми март 2025

BiznisPRO

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јуни 2026 година се намалени за 0.2 % во однос на претходниот месец

BiznisPRO

Внимавајте на фиктивни инвестициски платформи кои нудат брза заработка и вложувања во виртуелни односно крипто-средства. Менувачниците задолжително да го применуваат Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам во целост

BiznisPRO