ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ ИЛЈАДА ДЕНАРИ ПОВИСОКА ПЕНЗИЈА: Властa размислува за ново линеарно зголемување на пензиите во септември и март

Владата сериозно разгледува опција за ново линеарно зголемување на пензиите, во обид да им излезе во пресрет на пензионерите и да ги амортизира ефектите од растот на трошоците за живот.

Планираното зголемување, би се реализирало во два наврата: првото во септември 2025 година, а второто во март 2026 година, и во двата случаи со по 1.000 денари.

Со оваа мерка, властите имаат намера да обезбедат дополнителна поддршка за пензионерите, особено за оние со најниски примања. Иако дел од експертите и здруженијата на пензионери инсистираат на системско усогласување преку утврдена формула поврзана со растот на платите и инфлацијата, актуелниот предлог оди во насока на линеарен пристап – сите пензионери би добиле еднаков износ на зголемување.

Според информациите анализите се веќе во напредна фаза и конечната одлука ќе биде донесена наскоро, а тоа мора да биде пред распишувањето на локалните избори.

Ask ChatGPT

Можеби ќе ве интересира...

АХВ спречи увоз на повеќе од 23,6 тони замрзанто пилешко месо од Бразил

BiznisPRO

Добра вест: Од денес плаќаме поевтин дизел

BiznisPRO

МФ: Нови 2,4 милиони евра за домашните компании, трансферирани средствата од централниот Буџет кон Развојната банка

BiznisPRO