ИНДУСТРИЈАТА СО ПАД ВО АВГУСТ: Рударството минус 10,1 отсто, автомобилскиот сектор минус 8,7

Индустриското производство во август е намалено за 1,9 проценти во споредба со истиот месец минатата година. Најголем пад има во рударството и вадењето камен – 10,1 проценти, додека преработувачката индустрија е намалена за 1,3 проценти.

Производството на моторни возила, приколки и полуприколки е намалено за 8,7 проценти, а кај машините и уредите падот достигнува 9,6 проценти. Сепак, за периодот јануари–август индустриското производство сè уште бележи благ раст од 0,6 проценти.

Можеби ќе ве интересира...

Од 1 август поскапо парното во Скопје, просечната сметка расте за 140 денари

BiznisPRO

Колку ќе чинат девизите во вторник – Курсна листа за 4-ти март 2025

BiznisPRO

Исплатени 169.222.200 денари на 5.566 пчелари по мерката Директни плаќања за регистрирани презимени пчелни семејства

BiznisPRO