СветТОП ВЕСТИ

ЗАПРЕНА ПРАТКА ОД 19 ТОНИ ЈАБОЛКА – Бугарија наложи враќање по лабораториска проверка

Бугарската агенција за безбедност на храната забранила влез на пратка македонски јаболка тешка 19.350 килограми. Според агенцијата, лабораториските анализи покажале остатоци од пестициди над дозволените граници.

Со издаденото решение пратката треба во целост да се врати во земјата на потекло. Бугарската агенција соопшти дека јаболката биле проверени во рамки на засилените контроли на увезеното свежо овошје и зеленчук.