Добра вест: Просечната нето-плата во Македонија стигна 29.943 денари, што е 5% повеќе од претходната година истиот период

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен лани во декември изнесувала 29.943 денари што е зголемување за 5,8 отсто во однос на декември 2020 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето, пред сѐ, се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање за 13,1 отсто, Градежништво за 12,6 и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 12,1 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот за 10,4 отсто, Финансиски дејности и дејности на осигурување за 9,1 и Градежништво за 7,6 отсто.

Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, по вработен, во декември 2021 година, изнесува 44.711 денари и е зголемена за 5,9 отсто во споредба со истиот месец од 2020 година.

Тоа се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање за 12,9 отсто, Градежништво за 12,5 и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 11,8 отсто. Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот за 9,9 отсто, Финансиски дејности и дејности на осигурување за 9,4 и Рударство и вадење на камен за 7,4 отсто.

Можеби ќе ве интересира...

Шефовите на германските компании имаат лоши вести

BiznisPRO

НЛБ Банка донираше сензорна соба во Македонски Брод како дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

BiznisPRO

Сакаат контакт со млади луѓе: Големите нафтени компании плаќаат милиони на инфлуенсерите

BiznisPRO