ЕВН Хоме ќе мора да купува вишок електрична енергија од домаќинствата и индустријата

Министерот за економија Крешник Бектеши на прес конференција оддржана во вторникот најави дека за една недела ќе дојде до промена на правилникот со кој домаќинствата и индустриските капацитети ќе може да му продаваат вишоци електрична енергија на универзалниот снабдувач.

Во случајов ЕВН Хоме ќе биде должен да ги купува вишоците од соларните панели по цената на регулираниот пазар, односно по истата која ја купува од АД ЕСМ.

– Електрична енергија ќе може да произведува целата индустрија и домаќинствата и ќе биде обврзувачки да се купува од универзалниот снабдувач по цена која се продава на домаќинствата, рече Бектеши.

Министерот додаде дека ова е една е една од реформите што се прават во енергетскиот сектор заради полесно справување со кризата во која се најде стопанството со неколкукратно повисоките цени на струјата, природниот гас и топлинската енергија.

Можеби ќе ве интересира...

Годините се само бројка: Не постојат правила за најдобрата возраст за започнување бизнис

BiznisPRO

Уште една земја во Европа нема да купува гас од Русија: Не сакаме да ја храниме воената машина

BiznisPRO

ЕСМ: Ако некој има сознанија за фирма што продава струја, а не ја наплаќа авансно, да ја пријави

BiznisPRO