Намален прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун

Намалување на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун, номинално за 1,4 проценти, а реално за 8,5 проценти во јануари годинава во однос на јануари лани евидентира Државниот завод за статистика.

Како што објави денеска ДЗС, прометот во групата трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво во јануари годинава во однос на јануари лани номинално е зголемен за 12,8 проценти, а реално за 9,9 проценти), а во групата Трговија на мало, освен трговија со горива за 5,7, односно за 0,6 проценти.

Кај прометот трговијата на мало со автомобилски горива статистиката бележи номинално зголемување за 61,5 проценти, а реално за 25,6 проценти. /МИА

Можеби ќе ве интересира...

Пропадна ли “Black Friday” во Македонија? – неинвентивни кампањи и игри со бројки и проценти, а на крајот цената иста како и претходно

BiznisPRO

Од ноќеска точиме поевтини горива

BiznisPRO

Граѓаните бараат посилна регулација на брзите кеш кредити

BiznisPRO