Драстично покачување на горивата: Дизелот поскапува за 10 денари, бензинот за 5,5 денари од литар

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 5,50
денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки
малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.02.2022 година и со тоа
малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 89,50 ден/лит, додека малопродажната цена на
ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 91,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 10,00 денари/литар, во однос на
малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 28.02.2022 година и со тоа малопродажната цена на
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 85,50 ден/лит.

Можеби ќе ве интересира...

Младите истражувачи можат да доставуваат трудови за Годишната награда на Народната банка за 2023 година

BiznisPRO

Нова цена на горивата

BiznisPRO

Нова фриленсерска дружба оваа среда во Стартап Клуб Скопје

BiznisPRO