Ограничен е извозот на сончогледовото масло до 31 мај

На денешната седница Владата донесе одлука за ограничување на извозот на масло од сончоглед.

Од Владата велат дека мерката е донесена поради сериозни нарушувања на домашниот пазар и почнувајќи од денеска, забраната ќе важи до 31 мај.

Оваа одлука е донесена врз основа на Законот за трговијата, кој предвидува дека по предлог на Министерството за економија, Владата може да го ограничи извозот или увозот на одделни стоки или да пропише посебни услови за увоз или извоз.

Можеби ќе ве интересира...

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

BiznisPRO

Повисоки пензии во 2023, но и средства за надминување на кризата, како и за поттикнување на економијата со новиот буџет

BiznisPRO

Усвоен најновиот Квартален извештај со есенските макроекономски проекции на Народната банка

BiznisPRO