Цената на струјата го запре производството на челик во Германија

Поради поскапувањето на струјата во Германија, фабриката за челик Лех-Сталверке во баварскиот град Мајтинген го прекина производството, пишува Deutsche Wirtschafts Nahrichten.

Компанијата соопшти дека е „економски неизводливо“ да се работи сега.

Исто така, германскиот концерн за челик ThyssenKrup AG пријави повеќекратно зголемување на трошоците за електрична енергија.

Концернот ThyssenKrup AG објави дека во последните шест месеци неговите трошоци за гас и електрична енергија надминале сто милиони.

Лех-Сталверке произведува повеќе од милион тони градежен материјал годишно и троши енергија колку градот со 300.000 жители. Покрај вработените во зависните компании, во производниот погон работат и над 1.000 работници.

Лех-Шталверке е единствената фабрика за челик во Баварија.

Мелниците за челик кои користат електрична енергија за топење на старо железо трошат многу повеќе енергија од оние што користат традиционални високи печки, кои користат железна руда и јаглен кокс.

Можеби ќе ве интересира...

Едночасовна испорака: Амазон ќе користи дронови за доставување лекови до вашиот дом

BiznisPRO

Стапи на сила втората фаза од законот за имиграција: Една четвртина од вработените во Германија се мигранти

BiznisPRO

Станбениот гигант должи 194 милијарди долари

BiznisPRO