Едночасовна испорака: Амазон ќе користи дронови за доставување лекови до вашиот дом

Компанијата Амазон денеска објави дека клиентите во градот Колеџ Стејшн, Тексас, сега можат да добијат лекови на рецепт со помош на дронови, кои ќе им ги достават лековите во рок од еден час по нарачката.

Програмираниот дрон ќе лета до адресата на клиентот, ќе се спушти на висина од околу четири метри и ќе испушти заштитен пакет со лекови.

Амазон вели дека клиентите ќе можат да избираат од повеќе од 500 лекови, вклучително и вообичаени лекови за состојби како грип или пневмонија, но не и контролирани супстанции.

Калифорниската компанија тврди дека нејзините беспилотни летала ќе летаат на височина и до 120 метри пред да се спуштат до домот на купувачот, а пред да ги фрлат пакетите од височина, ќе проверат дали има деца, миленичиња или какви било други пречки во делот за испорака.

Во декември, одделот Prime Air на Amazon започна со тестирање на испораки со беспилотни летала на вообичаени предмети за домаќинството во градовите Колеџ Стејшн и Локфорд, Калифорнија.

Некои компании претходно изразија желба да користат беспилотни летала за комерцијални цели, но тие се соочуваат со пречки од американските регулатори кои сакаат да се уверат дека употребата на дронови е безбедна.

Можеби ќе ве интересира...

Нафтата надмина 100 долари за барел, по рускиот напад врз Украина

BiznisPRO

Вреди 110 отсто повеќе од почетокот на годината: Биткоинот денеска е стабилен, цената е над 32.500 евра

BiznisPRO

Светски берзи: Берзата заглави по силниот раст од почетокот на годината

BiznisPRO