„Имаат пари, но немаат пристап“: ММФ предвидува длабока рецесија во Русија поради санкциите

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предвидува длабока рецесија во Русија поради санкциите што Западот ги воведе кон таа земја, изјави денеска директорката на ММФ Кристалина Георгиева.

Санкциите доста остро влијаат на руската економија. Да очекуваме длабока рецесија во Русија. Можам да кажам дека тоа што Русија не ги исполнува своите обврски веќе не се смета за неверојатен настан. Таа земја има пари да го сервисира долгот, но нема пристап до него – изјави таа за телевизијата CBS.

Георгиева рече и дека ММФ не гледа предуслови за светската финансиска криза поради настаните во Украина и санкциите воведени кон Русија.

Меѓу можните последици од украинската криза, првиот човек на ММФ ги спомена гладот ​​во Африка, поскапувањето на енергијата, ѓубривата и металите, како и зголемената инфлација.

„Зборуваме за САД и за земјите во развој како Мексико и Бразил“, додаде таа.

– Одвоивме 1,4 милијарди долари за итно финансирање на Украина со отворање посебна сметка кај ММФ. Постигнат е договор со украинската влада и никој друг нема да има пристап до овие пари – објасни Георгиева.

Можеби ќе ве интересира...

Јапонија ја менува монетарната политика по 17 години

BiznisPRO

Инвеститорите се уште се претпазливи: По неколку дена флуктуации, биткоинот е стабилен на 24.120 евра

BiznisPRO

Од утре секое домаќинство ќе може да постави фотоволтаик на својот покрив и да го продава вишокот од произведената струја

BiznisPRO