„Не трупајте бензин и храна, се’ ќе има биде доволно“: Претседателот на Светска банка апелира до граѓаните ширум светот

Претседателот на Светска банка Дејвид Малпас апелираше до државите и компаниите ширум светот да не складираат храна и бензин, и покрај зголемените цени по нападот на Русија врз Украина и острите санкции кон Москва.

Малпас на виртуелен настан организиран од Вашингтон пост рече дека санкциите ќе имаат поголемо влијание врз глобалното економско производство отколку самата војна.

Тој исто така рече дека очекува силен одговор од производителите ширум светот за зголемување на залихите и дека не гледа потреба луѓето да имаат дополнителни залихи во нивните кујни или ресторани.

Тој рече дека залихите со енергија може да се зголемат побрзо од резервите со храна, со оглед на тоа што приспособувањето на земјоделството обично трае една година.

– Вистинската работа во такви околности не е да се излезе надвор и да се купуваат дополнителни залихи на бензин, туку да се разбере дека светот е динамична глобална економија и дека ќе одговори на вистински начин. Се ќе биде доволно – рече тој.

Можеби ќе ве интересира...

Шефовите на германските компании имаат лоши вести

BiznisPRO

Маск за вработените во Твитер: Нема веќе работење од дома

BiznisPRO

Пораснал бројот на работниците во индустријата во декември 2023 година

BiznisPRO